Дома Фудбал Фудбалерот на Нотингем форест се разбуди од кома

Фудбалерот на Нотингем форест се разбуди од кома

Фудбалерот на Нотингем Форест, Таиво Авонији, се разбуди од индуцирана кома откако беше подложен на операција поради сериозна повреда на стомакот.

Нигериецот пред три дена беше префрлен во болница, откако се повреди на 11 мај при крајот на натпреварот од 36. коло на Премиер лигата против Лестер (2:2).

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Повредата се случи во 88 минута, откако после судир со Ентони Елнга удри во статувата. Британските медиуми пишуваат дека се утврдило дека фудбалерот на Форест добил руптура на цревата.

Првата фаза од операцијата беше извршена во понеделник, додека фудбалерот на Нотингем во вторникот помина во индуцирана кома, за да докторите го следат неговото закрепнување.

Би-Би-Си објавува дека вториот дел од хируршката интервенција, вклучувајќи го затворањето на раната, беше извршен во среда, а Авонији потоа во вечерните часови беше разбуден од кома.

Раководството на клубот најави внатрешна истрага за начинот на кој беше тргувана повредата на фудбалерот од англискиот тим, за кој игра и српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ.

Фото: Nothingham Forest/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“ на повидок: ПСЖ може да добие големо засилувње од Баерн!

Стоперот на Баерн Минхен, Дајо Упамекано, се наоѓа на мета на бројни клубови, а сега серио…