Дома Фудбал Одигра 121 натпревар, освои ЛШ и 10 трофеи, а дури синоќа запиша прва асистенција во кариерата – и тоа во 95-та минута

Одигра 121 натпревар, освои ЛШ и 10 трофеи, а дури синоќа запиша прва асистенција во кариерата – и тоа во 95-та минута

Победата на Реал над Мајорка, и пресвртот кој ги остава теоретски во трка со Барселона, остана во сенка на Хесус Ваљехо кој се врати на теренот во дресот на “кралскиот клуб” по пауза од 50 натпревари и 232 дена!

Повредата на Асенсио резултираше во тоа што Карло Анчелоти му даде шанса на Ваљехо и го вклучи во составот, потоа и го внесе на теренот. Од друга страна, тој му се оддолжи со асистенција во 95-та минута за голот на Рамон и конечната победа од 2:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, она што е уште поважно во сето ова е фактот дека за Ваљехо ова беше првата асистенција во кариерата, иако во дресот на Гранада, Реал, Ајнтрахт и Вулверхемптон одигра дури 121 натпревар.

Барем така тврди “ОптаХосе”, а нема причина да не им веруваме.

Ваљехо е, инаку, фудбалер кој со Реал освоил 10 трофеи, меѓу кои се Примера и Лига на шампиони. Одиграл 33 натпревари за Мадриѓаните во кариерата, додека со У19 и У21 репрезентацијата на Шпанија освоил титули на ЕП. Исто така, со У23 олимпискиот тим освоил сребро во 2020.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн и Челзи сè уште не можат да се договорат за Нкунку

Баерн Минхен и Челзи сè уште не можат да се договорат за трансферот на напаѓачот на лондон…