Дома Фудбал Денот кога светот му се восхитуваше на ремек-делото на Зидан во финалето на Лигата на шампионите

Денот кога светот му се восхитуваше на ремек-делото на Зидан во финалето на Лигата на шампионите

ЗИНЕДИН ЗИДАН како тренер го предводеше Реал до три последователни титули во Лигата на шампионите, но како играч ја освои само еднаш.

Тоа се случи на денешен ден во 2002 година, во финалето против Бајер од Леверкузен, кое тој го реши постигнувајќи го конечниот гол за 2:1 во последната минута од првото полувреме.


Тој волеј од работ на шеснаесетникот до денес останува еден од најубавите, ако не и најубавиот гол во историјата на ова натпреварување. Може било кој друг гол да е поубав, но ниту еден не обедини таква атрактивност и важност.

Реал на пат до финалето во елиминациската фаза ги победи Баерн и Барселона, и се чинеше дека во финалето добија нерамноправен противник. Но, германскиот состав ја играше својата најдобра сезона во историјата, која сепак ја заврши без трофеј. Беа втори во Бундеслигата и загубија во финалињата на германскиот куп и Лигата на шампионите, што се надоврза на вторите места во првенството во 1997, 1999 и 2000, заради што клубот го доби подбивачкиот прекар Бајер Неверкузен.

Фармацевтите добро се држеа во финалето, а на раниот гол на Раул од осмата минута одговорија преку Лусио само пет минути подоцна. А потоа, во сама завршница на првото полувреме, Роберто Карлос испрати висока топка која паѓаше на работ на казнениот простор.

Таа топка ја затекна целата одбрана на Бајер – само Зидан ја проследи со поглед и во совршен момент заврши уште посовршен волеј што се смести во горниот агол од мрежата на германците.

Тоа беше момент од чиста фудбалска поезија, уметничко дело за кое и денес се зборува. Некои можеби би заборавиле дека еден мал клуб од Леверкузен таа година играше во финале на Лигата на шампионите, ама тешко ќе се заборави дека токму тие беа на погрешната страна од ТОЈ гол на Зидан.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудница каква што не се гледа често: Погледнете како реагираа навивачите на ПСВ кога Ајакс прими гол во 99. минута

Фудбалерите на ПСВ синоќа во предпоследното коло на холандската Ередивизие на домашен тере…