Дома Фудбал Подготвена е нова детонација: Англиските и германските гиганти ја сакаат ѕвездата на Лајпциг

Подготвена е нова детонација: Англиските и германските гиганти ја сакаат ѕвездата на Лајпциг

Репрезентативецот на Холандија и еден од најдобрите млади играчи во Европа, Чави Симонс, одлучи дека сака нов предизвик и сигнализираше до РБ Лајпциг дека ќе бара трансфер ова лето.

Како што пренесува угледниот Фабрицио Романо, 21-годишниот Симонс веќе ја информирал управата на Лајпциг за својата желба да ја промени средината, иако клубот неодамна го искористи правото да го откупи и да го потпише на подолг период.


РБ Лајпциг во јануари го откупи Симонс од Пари Сен-Жермен за околу 50 милиони евра, но сега би можел да заработи значителен профит од неговата продажба, бидејќи интерес за младиот играч доаѓа од повеќе европски гиганти.

Баерн, Јунајтед и Ливерпул во трка

Симонс оваа сезона во Бундеслигата постигна 10 голови и 8 асистенции на 32 натпревари, а неговата разновидност, брзина и техничка способност го прават идеално решение за клубовите кои бараат креативна моќ во средниот ред.

За сега во прв план се издвојуваат Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но со оглед на неговиот профил, се очекува листата на заинтересирани уште повеќе да се прошири, вклучувајќи ги и клубовите од Ла Лига и Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудница каква што не се гледа често: Погледнете како реагираа навивачите на ПСВ кога Ајакс прими гол во 99. минута

Фудбалерите на ПСВ синоќа во предпоследното коло на холандската Ередивизие на домашен тере…