Дома Фудбал Една од ѕвездите на Лајпциг сака да го напушти клубот

Една од ѕвездите на Лајпциг сака да го напушти клубот

Чави Симонс сака да го напушти РБ Лајпциг летово, известува Фабрицио Романо. Овој 22-годишен фудбалер за врска веќе ја донесе конечната одлука, а клубот е запознаен со неговите планови.

Германскиот шампион Бајерн (Минхен) и водечки клубови од Премиер лигата ја следат ситуацијата околу репрезентативецот на Холандија. Симонс можеше да премине во клуб од Англија пред околу 12 месеци, но остана во Лајпциг.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во тековната сезона, младата ѕвезда на “црвените бикови” има 32 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и направил 8 асистенции. Офанзивниот играч за врска е поранешен играч на Пари Сен Жермен и ПСВ Ајндховен. Тој дебитираше за националниот тим на Холандија во декември 2022 година на Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рој Кин жестоко удри по ѕвездата на Реал по поразот!

Реал Мадрид доживеа пораз од Баерн со 1:2 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата …