
Бразилскиот фудбалер Винисиус сè уште го нема продолжено договорот со Реал Мадрид – поради неколку причини.
Како што пишува “Марка”, разговорите со Реал Мадрид траат веќе подолго време, но договор сè уште не е постигнат.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Агентот на Винисиус, Фредерико Пења, дал понуда која Флорентино Перез ја сметал за неприфатлива.
Од “кралскиот” клуб бараат годишна плата од 30 милиони евра, што е значително повеќе од сегашната (17м) која ќе ја има до 2027 година.
Таа сума е блиска на онаа што ја има Килијан Мбапе, односно малку поголема од платата на Џуд Белингам.
“Марка” истакнува дека Реал сака неговата плата да остане под 20 милиони евра годишно.
За да го уценат Реал Мадрид, Винисиус и неговиот агент паралелно преговараат со Саудијците, кои не се распрашуваат за цената.
Оваа сезона бројките на Бразилецот не се лоши (20 гола и 16 асистенции), но сепак се послаби од минатата, кога беше во најтесниот круг за “Златната топка”.