Дома Фудбал Не е секогаш се во парите: Го има еден од најскапите договори во светот, а сега е пред враќање во Европа!

Не е секогаш се во парите: Го има еден од најскапите договори во светот, а сега е пред враќање во Европа!

Аймерик Лапорт, поранешен дефанзивец на Манчестер Сити, ќе го напушти Ал Наср и покрај богатиот договор кој вреди околу 24,5 милиони евра годишно. Ова е втор најголем договор помеѓу дефанзивците во светскиот фудбал, поголем има само Калид Кулибали во Ал Хилал (35 милиони евра). Според Ас, Лапорт договарал раскин на договорот и споменал дека зад сето тоа стоел лошиот однос со тренерот на тимот Стефан Пиоли.

Лапорт беше изоставен од натпреварот во полуфиналето на Азиската Лига на шампионите против Кавасаки Фронтале, што беше најјасниот показател за неговото заминување од клубот, тврдат извори блиски до клубот. Се очекува негово враќање во Европа. Иако потпиша еден од најголемите договори во фудбалот, не треба да се очекува дека 30-годишниот дефанзивец ќе добие слична понуда од некој европски клуб.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според некои извори, Реал Мадрид веќе покажувал интерес за Лапорт, но сега се чини дека клубот би бил насочен кон помлад дефанзивец, а Марсеј е меѓу главните кандидати за доведување на Лапорт како слободен играч.

Лапорт минатата година беше дел од почетната постава на Шпанија која славеше против Англија во финалето на Европското првенство. Ал Наср не успеа да се квалификува во финалето на Азиската Лига на шампиони3, а моментално се наоѓаат на третото место во првенството на Саудиска Арабија. Лапорт одигра 30 натпревари за клубот оваа сезона и постигна пет гола.

Фото: Al Nassr/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…