
Голманот на Милан, Мајк Мењан, го изрази своето воодушевување од можноста тој и неговите соиграчи да донесат првиот Куп на Италија за клубот од 2003 година, доколку го освојат утрешниот финал на турнирот, во кој противник на „росонерите“ е Болоња.
„Толку сме гладни, бидејќи сакаме да го однесеме овој трофеј заради навивачите на Милан. Знаеме колку е важно за клубот да игра финалиња и да ги освојува. Свесни сме дека утре е важен ден за оваа сезона, за овој период и за Милан, бидејќи можеме да испишеме страница во историјата на клубот.“
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Сепак, не треба да чувствуваме премногу притисок, туку да ја задржиме истата ладнокрвност која нè доведе до тука. Секако дека сме фокусирани да го дадеме најдоброто утре. Секогаш имам доверба во нашата одбрана, без разлика дали играме со еден, двајца или тројца централни браничи. Јас секогаш имам верба во моите соиграчи. Понекогаш ветерот е на наша страна, а понекогаш против нас, дури и кога играме со деветмина во одбрана. Сега сме во добар период и треба да го искористиме и да продолжиме по истиот пат, затоа што не секогаш било така.“