
За првпат во историјата на клубот, новиот домашен дрес на Манчестер Сити за сезоната 2025/26 ја краси славната дијагонална шара – дизајн што некогаш беше заштитен знак на гостинските дресови на „Граѓаните“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новата верзија на дресот ги комбинира непогрешливата небесно синa боја со бела дијагонална линија, која е модернизирана за новата генерација навивачи.
Шарата првпат беше претставена на дресовите уште во 1970-тите години и ги носеа големите клубски играчи како Мајк Самерби, Колин Бел, Франсис Ли и Тони Бук. Досега беше резервирана за гостинските дресови, но сега првпат ќе го краси и домашниот комплет.
Овој дрес симболично ја поврзува минатото со иднината, истовремено одавајќи почит на наследството и освојувајќи нови срца на навивачи низ целиот свет.
По повод лансирањето на дресот, снимен е специјален промотивен филм, во режија на Глен Китсон, кој го носи духот на заедницата и навивачката страст.
Фото: Manchester City/FB