Дома Останати Кошарка Далас на лотарија за првпат во историјата го доби првиот пик: Пристигнува еден од најголемите таленти висок 206 сантиметри!

Далас на лотарија за првпат во историјата го доби првиот пик: Пристигнува еден од најголемите таленти висок 206 сантиметри!

Далас Меверикс го добија правото на првиот пик на наредниот драфт, чијашто прва рунда е во ноќта помеѓу 25-ти и 26-ти јуни, на вчерашната (понеделник кон вторник) лотарија, првпат во историјата на франшизата.

Тоа би значело дека 206 сантиметри високата ѕвезда на Универзитетот Дуке Купер Флег најверојатно ќе биде во тексашкиот тим, иако никогаш не се знае со организацијата која го замени Лука Дончиќ со Ентони Дејвис во тековната сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Не размислував премногу за тоа. Тоа е надвор од моја контрола“, се првите импресии на перспективниот крилен играч за ESPN.

Флег, секако, е во центарот на вниманието, бидејќи тој 17-годишник оваа сезона бележеше 19,2 поени, 7,5 скока и 4,2 асистенции, со успешност од 48,1 процент од игра, 38,5 за три и 84 проценти слободни фрлања – па беше именуван за играч на годината според AP.

Фото: Duke Blue Devils/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ одби да потпише нов договор со Денвер – јасна е причината за неговиот потег!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одби да потпише нов договор со Денвер Нагетс, известуваат а…