
Барселона на крајот од одличната сезона ќе понуди награда на својот голем херој, голманот Војчех Шчесни, но прашање е дали искусниот Полјак ќе ја прифати.
Веќе е јасно дека Шчесни ќе добие нов двегодишен договор од Барселона како знак на благодарност за она што го направи оваа сезона за каталонскиот клуб.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Имено, Полјакот се врати од пензија за да ѝ помогне на Барселона во моменти кога голманот Марк-Андре тер Штеген се повреди и сезоната за него заврши.
Шчесни не само што интервенираше кога требаше, туку и бранеше фантастично и го доведе клубот на прагот на освојување три од три трофеја во шпанскиот фудбал. Да потсетиме дека Барселона, по освојувањето на Суперкупот и Купот, е на чекор да ја освои и титулата шампион на Шпанија.
🚨🔵🔴 Wojciech Szczesny: “I have received a two-year contract extension offer from the club”.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 12, 2025
“But I need to decide with my family what’s best for us”. pic.twitter.com/CQEvTXZ9qd
Полскиот голман потврди дека му е понуден двегодишен договор, но истакна дека ќе ја остави одлуката на сопругата.
“Не го кријам фактот дека ми е понуден нов двегодишен договор, но морам да одлучам со семејството што е најдобро за нас. Мислам дека должам на семејството, пред сè на сопругата, да ја донесеме одлуката заедно. Значи, сè уште не сум решил”, рече Полјакот и објасни:
🚨🚨🌕| Barcelona are working on renewing the contracts of Eric Garcia, Frenkie De Jong and Szczesny.
— Managing Barça (@ManagingBarca) May 12, 2025
[@CatalunyaRadio] pic.twitter.com/fmZMdh3sq5
“Најчесто одлуките во мојот дом ги носи сопругата и воопшто не ми е срам. Обично јас ги носам одлуките кои се однесуваат на фудбалот, но ова е поинаква ситуација. Бевме решени да останеме тука една година за да ги оствариме соништата, а потоа да се вратиме на играње голф. Одлуката ќе ја донесеме во наредните недели, а тука се и логистичките аспекти заради училиштето за децата, преселбата и така натаму”, објасни Шчесни за Canal+.
Проблем може да биде тоа што Тер Штеген се врати на тренинзи и во следната сезона Шчесни би можел да биде вториот голман на клубот, па е прашање дали сака да остане во таква околност.
Сепак, потегот на Барселона е сигурно вреден за пофалба и покажува дека во каталонскиот клуб го ценат полскиот голман за сѐ што направи кога се одлучи да се повлече од фудбалот.
Фото: Barcelona FC/FB