Дома Фудбал Ова беше најпрофитабилното Ел Класико досега. Еве колку заработи Барселона.

Ова беше најпрофитабилното Ел Класико досега. Еве колку заработи Барселона.

БАРСЕЛОНА во неделниот натпревар за четврти пат оваа сезона го совлада Реал Мадрид. Во уште едно издание на Ел Класико, Каталонците забележаа победа со резултат 4:3 и значително се приближија кон титулата шпански првак.

Двобојот ги имаше сите предуслови за висока гледаност: директна борба за првото место, познати играчи на двете страни, одлична атмосфера на стадионот и термин во 16:15 по средноевропско време.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Според пишувањата на каталонските медиуми, натпреварот на Барселона ѝ донесе рекорден приход. Клубот на база на продадени влезници и телевизиски права за средбата заработи 13.8 милиони евра.

Извори блиски до клубот тврдат дека ова е најголемата сума што Барселона ја има остварено од еден домашен натпревар, вклучувајќи ги сите претходни Ел Класико дуели.

Меѓу сите други фактори, особено се истакнува терминот на одигрување, кој овозможи на гледачите од различни временски зони да го следат натпреварот без потешкотии. На трибините се собраа 50.318 навивачи. Головите за Барселона ги постигнаа Ерик Гарсија, Ламин Јамал и двапати Рафиња. За Реал Мадрид сите три гола ги постигна Килијан Мбапе, но и покрај неговиот учинок, мадридскиот клуб остана без бодови и веројатно отпадна од трката за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Виртц е во Англија на преговори со…

Ѕвездата на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Пеп Гвардиола, пишуваат англи…