Дома Фудбал Де Брујне на 33 години потпишува договор на кариерата?

Де Брујне на 33 години потпишува договор на кариерата?

Кевин Де Брујне на крајот од следниот месец заминува од Манчестер Сити по истекот на договорот, а шпанските медиуми пишуваат дека Белгиецот е пред сензационален потпис.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во последно време многу се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата Де Брујне и иако се чинеше дека тоа ќе биде американската МЛС, изгледа дека неговата желба е да остане во Европа бидејќи верува дека може уште многу да даде на највисоко ниво.

Така, пред неколку дена се појави информација дека Де Брујне е на радарот на Наполи и дека го следи дури и Ливерпул. Сепак, додека ја чека понудата од југот на Италија, демантирано е дека Ливерпул сака да го доведе.

Сепак, сето тоа падна во сенка кога се појави нова информација за новиот клуб на Де Брујне.

Шпанскиот портал Дефенса Централ ја изненади фудбалската јавност со вести дека Де Брујне сака да дојде во Реал Мадрид. Наводно, тој ги понудил своите услуги на Кралевите и не добил одбивка.

Од Реал му порачаа на Белгиецот да почека со одговорот бидејќи примарната цел е клубот да доведе нов тренер, а тоа скоро сигурно ќе биде Чаби Алонсо, и тој ќе биде тој кој ќе одлучи дали му е Де Брујне потребен или не.

Како и да е, фактот дека можеби ќе го гледаме Де Брујне во дресот на кралскиот клуб следната сезона е навистина неочекуван исход.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед договори прво засилување за Керик кое ќе чини 53 милиони евра

Манчестер Јунајтед постигна договор со Аталанта за ангажирање на Едерсон, според извештаит…