Офанзивниот играч за врска на ЦСКА Москва, Александар Головин продолжува со своите феноменални партии за рускиот гигнат, па го привлече вниманието на најголемите европски клубови.
Пред неколку дена Головин беше следен од спортскиот директор на Барселона, Роберто Фернандес кој присуствуваше на мечот против Базел во ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Извори блиски на Барселона потврдуваат дека Головин е инетерсен за клубот од „Камп Ноу“ и дека го следат неговиот развој заедно со уште неколку фудбалери како Макс Маер и Леон Горецка.
Во исто време неговиот агент Шандор Варга потврди дека најсериозен интерес во моментов покажува Арсенал, и дека Венгер уште во летниот преоден рок се распрашувал за Головин.