Дома Моторспорт Ужасна трагедија: Двајца мотоцоклисти загинаа по страшен судир со 11 возачи (Видео)

Ужасна трагедија: Двајца мотоцоклисти загинаа по страшен судир со 11 возачи (Видео)

Мотоциклистите Овен Џенер (21) и Шејн Ричардсон (29) загинаа во стравична несреќа која се случи за време на трката во Британтското суперспорташко првенство на патеката во Чешир.

Според Sky News, Џенер починал од фатална повреда на главата и починал веднаш, додека Ричардсон здобил повреди на градниот кош и починал по пристигнувањето во болница.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Третиот тркач, Том Тунстал (47) задобил повреди на ‘рбетот и абдоменот и се наоѓа во болницата Royal Stoke University.

Медицинска помош е пружена на уште петмина мотоциклисти.

Организаторите соопштија дека несреќата се случила во првиот свиок на првиот круг, во кој учествувале 11 натпреварувачи.

Поради оваа трагедија, натпреварувањето е откажано. Во тек е истрага.

Британецот Џенер беше шампион на британската GP2 трка во 2024. Ричардсон беше талентиран возач од Нов Зеланд.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Колапинто го замени Дуан во Алпин

Тимот од Формула 1 Алпин денес потврди дека австралијанскиот возач Џек Дуан повеќе нема да…