Дома Останати Тенис „Ѓоковиќ се чувствува празно по повлекувањето на Федерер и Надал“

„Ѓоковиќ се чувствува празно по повлекувањето на Федерер и Надал“

Карлос Моја, поранешен шампион на Ролан Гарос и долгогодишен тренер на Рафаел Надал, многу добро знае што е потребно за освојување на најпрестижниот турнир на земја.

Токму затоа неговите зборови за фаворитите пред претстојниот гренд слем во Париз имаат посебна тежина.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Во разговор со шпанските новинари, Моја ги истакна имињата кои, според неговото мислење, имаат најголеми шанси да го подигнат трофејот.

Карлос Алкараз, Јаник Синер и Каспер Руд, но и Новак Ѓоковиќ“, рече Моја.

Особено го нагласи значењето на српскиот ас.

„Новак е еден од историските великани, а најголемите никогаш не смеете да ги потцените“, вели тој..

На прашањето зошто Ѓоковиќ во последно време не игра на препознатливото ниво, Шпанецот се осврна на Олимписките игри.

Се чувствува малку празно по остварувањето на желбата да освои златен медал на Олимписките игри и повлекувањето на Надал и Федерер“, објасни Моја.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер: Целта е да триумфирам во Париз, во Рим не сум дојден по титула

Јаник Синер оваа недела се враќа на теренот по тримесечна суспензија. Италијанците во еуфо…