
Периодот на Рубен Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед не носи охрабрувачки резултати.
Португалецот во досегашните 24 натпревари од Премиер лигата забележа само 6 победи, со 6 нерешени и дури 12 порази, што јасно укажува на сериозна криза на формата и проблеми во играта на славниот англиски клуб.
Повеќе порази отколку победи
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Од доаѓањето на клупата, Аморим не успеа да донесе стабилност ниту континуитет во резултатите. Дури половина од натпреварите во Премиер лигата под неговото водство завршија со пораз, што е сериозен аларм за клубот со богата традиција и големи амбиции.
Иако е познат по тактичката флексибилност и успесите со лисабонски Спортинг, Аморим за сега не пронајде начин како да ја консолидира екипата на Јунајтед, која често делуваше безидејна и дефанзивно ранлива.
Успеа да слави само против Лестер, Ипсвич, Фулам, Саутемптон, Манчестер Сити и Евертон.
Сепак, она што внесува позитивност се одличните настапи во Лига Европа каде што неговиот тим е на чекор до пласман во финалето.
Што понатаму за Јунајтед?
Управата на клубот и навивачите сигурно ќе бараат одговори – и промени – ако ваквиот тренд продолжи. Пред Аморим е огромна задача да ја преобрати сезоната и да се обиде да обезбеди барем минимален европски пласман, но и да ја оправда довербата која клубот му ја укажа со доаѓањето.