Дома Останати Ракомет Миркуловски предвреме се раздели со Вецлар

Миркуловски предвреме се раздели со Вецлар

Раководството на германскиот ракометен клуб Вецлар донесе одлука да направи промени на тренерската клупа поради сè послабите резултати во завршницата од сезоната. Поразот од Лајпциг во четвртокот беше капката што ја прелеа чашата – осми пораз во последните девет мечеви.

Како резултат на тоа, клубот се раздели со главниот тренер Франк Карстенс и неговиот помошник, поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Клубот им се заблагодарува на Карстенс и Миркуловски за нивната посветеност и им посакува успех во иднина“, стои во официјалното соопштение од Вецлар.

Нов предводник на екипата ќе биде Момир Илиќ, кој според првичниот план требаше да го преземе тимот на стартот на новата сезона. Но поради промената, српскиот стратег ќе го започне мандатот веќе овој викенд.

Фото: HSG Wetzlar/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Луд резултат во македонскиот ракомет: Противник на Алкалоид даде само четири гола цел натпревар!

На еден натпревар од младинските ракометни лиги во Македонија беше забележан резултат како…