
НАЈПОЗНАТИОТ фудбалски инсајдер Фабрицио Романо е во контакт со најголемите светски ѕвезди. На друштвените мрежи го следат милиони луѓе, па така на Фејсбук и X има по 23 милиони следбеници, а на Instagram 34,5 милиони. Тој е во контакт со бројни фудбалери кои ги очекуваат неговите објави за најновите трансфери.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во четвртокот, Романо беше во друштво на познат фудбалер. На ФБ напиша статус: “Можете ли да погодите кој играч денеска го сретнав? Бразилец е…” Десетина минути подоцна објави фотографија со Антони, 25-годишниот крилен напаѓач кој Манчестер Јунајтед во јануари го испрати на позајмица во Бетис.
На фотографијата, Романо и Антони држат дрес на Бетис, а Бразилецот се потпишал на истиот.
.