Дома Фудбал Oфицијално. Рудигер ја дозна казната за беснеењето во „Ел Класико“!

Oфицијално. Рудигер ја дозна казната за беснеењето во „Ел Класико“!

Фудбалерот на Реал, Антонио Рудигер, ја дозна казната за дивјачкото однесување за време на Ел Класико.

Германецот беше исклучен во 120. минута од продолженијата на финалето на Кралскиот Куп откако, додека се наоѓаше во техничкиот простор, фрли мраз кон судијата. Сето тоа беше предизвикано од ситуацијата кога не беше досуден прекршок над Винисиус, за кој играчите на Реал сметаа дека постоел.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Рудигер е суспендиран на шест натпревари, односно нема да може да игра до крајот на оваа сезона и во првиот натпревар од следната сезона.

Германецот знаеше дека ќе добие строга казна и дека нема да игра до крајот на сезоната, па уште вчера отиде на операција на делумна руптура на надворешниот менискус на левата нога за да биде подготвен за следната сезона.

Според првите прогнози, репрезентативецот на Германија во најдобар случај би можел да игра во втората фаза на Светското клупско првенство кое започнува на половина јуни и трае до половина јули.

Фото: Real Madrid C.F/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид покажа сериозен интерес за 19-годишен талент, Барселона ја следи ситуацијата

Реал Мадрид веќе потпиша три играчи, и не се исклучува можноста најмалку уште двајца играч…