Дома Фудбал Готово: Карло Анчелоти ќе биде нов селектор на Бразил!

Готово: Карло Анчелоти ќе биде нов селектор на Бразил!

Еден од најпознатите спортски новинари во светот, Фабрицио Романо, ја објави информацијата дека актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, договорил преземање на фудбалската репрезентација на Бразил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите од овој новинар, Фудбалскиот сојуз на Бразил и Анчелоти ги договориле сите детали на соработката, а италијанскиот стручњак треба да ја преземе репрезентацијата веќе во јуни.

“Тоа отсекогаш беше клучниот услов за Бразил: потпис пред Светското клупско првенство на ФИФА, не беше опција да се чека до јули”, посочи Романо.

Во наредните денови, според информациите на Романо, двете страни треба да ја формализираат својата соработка.

Фудбалската репрезентација на Бразил во јуни ќе игра два натпревара во квалификациите за Светското првенство.

Според планот, Бразил на 4 јуни треба да одигра натпревар против Еквадор, додека на 7 јуни на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Парагвај.

Шпанските медиуми претходно објавија информации дека Реал Мадрид одлучил да му го исплати на тренерот Карло Анчелоти преостанатиот договор до последниот цент иако е јасно дека Италијанецот заминува, објави денеска шпанскиот Релево.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…