
Менаџерот на Арсенал Микел Артета со нетрпение го очекува утрешниот судир со Пари Сен Жермен во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој е среќен што неговиот тим пишува историја со достигнувањето до оваа фаза, но признава дека се стреми уште повисоко.
“Се чувствува енергијата, ентузијазмот. Ова е еден од најголемите натпревари откако е изграден ‘Емиратс’. Имајќи ги предвид околностите оваа сезона и предизвиците со кои се соочивме, е голем успех да бидеме тука. Пишуваме историја, убава историја, но сакаме повеќе”, започна Артета.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тој беше запрашан каква очекува да биде атмосферата на стадионот и дали ќе се повтори истата како на четвртфиналето со Реал Мадрид.
“Уште повеќе! Утре сакаме повеќе. Како што веќе им реков на навивачите, донесете сè што имате и да играме заедно. Ако сакаме нешто специјално, треба да видиме нешто што никогаш не сме виделе. Нека сите донесат таа енергија. Ова е најубавото натпреварување и треба да заслужиме да бидеме на тоа финале”, додаде тренерот.
Арсенал и ПСЖ веќе се судрија еден со друг во фазата на лигата, кога Лондончани победија со 2:0.
“Научивме многу од тој натпревар што го игравме тука. Разликите меѓу двата тима не се големи. Утре имаме одлична можност да покажеме кои сме и колку далеку можеме да стигнеме заедно. Учејќи еден од друг. Од оној судир многу ми се допадна присуството и решителноста што ја покажа тимот. Треба да го повториме начинот на кој се соочивме со Реал Мадрид. Способни сме да се адаптираме на различни контексти. Оваа сезона докажавме дека ја имаме таа способност. Тие се многу добро подготвен тим, со голем индивидуален талент, инаку не би биле тука”, кажа уште Шпанецот.