Дома Фудбал Говореа дека ќе биде новиот Џон Тери, а летово веќе го напушта Челзи

Говореа дека ќе биде новиот Џон Тери, а летово веќе го напушта Челзи

Џон Тери е една од најголемите легенди на Челзи којa ќе биде тешко да се замени, а за овој играч се зборуваше дека токму тој може да биде неговата замена. Очигледно, тоа нема да се случи.

Кога летото 2022 година Весли Фофана дојде во Челзи, за него пишуваа дека ќе биде новиот Џон Тери.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Требаше да биде столбот на одбраната на Челзи долги години претходно, исто како што беше легендарниот Англичанец.

За тие зборови секако имаше основа, бидејќи во моментот кога пристигна Фофана беше еден од најбараните стопери во светот.

Играше одлично за тимот на Лестер и беше еден од нивните најдобри играчи, а тогаш беше желба на многу европски гиганти.

Челзи успеа да го “украде”, но за неговото доаѓање мораше да плати неверојатни 70 милиони фунти.

Меѓутоа, неговата кариера не започна добро, бидејќи на самиот почеток на таа сезона доби голема повреда.

Се повреди во октомври 2022 година, а се опорави дури во февруари наредната година. Со таа повреда започна сè надолу за Французинот.

Секој пат кога ќе се врати на терен, повторно се повредуваше и никако не можеше да воспостави континуитет во играњето.

Последната повреда ја доби на почетокот на оваа година — станува збор за повреда на тетивата, поради што ќе го пропушти остатокот од оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младинците на Барселона триумфираа во Лигата на шампионите

Тимот на младите играчи од Барселона ја освои титулата од Лигата на шампиони победувајќи г…