Дома Фудбал Официјално: Воска Спорт се повлече од ПМФЛ!

Официјално: Воска Спорт се повлече од ПМФЛ!

Раководството на Воска Спорт донесе радикална одлука да ја напушти Првата македонска фудбалска лига, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им изрече строга казна по скандалозното напуштање на теренот во мечот против Вардар.

Со одземањето на девет бодови, Воска Спорт остана без шанси за опстанок и се пресели во Втората лига, по што клубот објави дека нема да ги одигра преостанатите натпревари од сезоната.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Казнената листа не завршува тука: клубот ќе мора да плати и 7.500 евра, а претседателот Нефи Усеини и тренерот Клодиан Арбри беа суспендирани на две години од страна на ФФМ.

Со оваа одлука, македонската Прва лига претрпе уште еден сериозен удар во својата регуларност и интегритет.

Фото: Воска Спорт

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дочека: Ветеранот Варди го постигна првенецот во Серија А! (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Варди вечерва го постигна неговиот прв гол во …