Дома Фудбал Флик во проблеми: Барселона сериозно ослабена во финалето против Реал Мадрид

Флик во проблеми: Барселона сериозно ослабена во финалето против Реал Мадрид

Фудбалерите на Барселона утре навечер ќе имаат убава можност по трет пат оваа сезона да се радуваат против Реал Мадрид, а ден пред жестоката пресметка во финалето на Купот на кралот беше обелоденето дека во составот по неколку месечна пауза се враќа искусниот германски голман Марк-Андре Тер Штеген.

Иако е тешко да се замисли дека долгодишниот член на Барселона ќе најде место меѓу почетните 11 во вакво важно натпреварување, имајќи предвид дека последен пат играше уште во септември, оваа вест може само да го израдува стручниот штаб на Ханси Флик бидејќи ќе имаат поголем избор во однос на “единицата”.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


И додека враќањето на Ter Штеген е несомнено вест на денот за навивачите на Барселона, симпатизерите на каталонскиот клуб дознаа дека Флик за пресметката против кралскиот клуб нема да може да смета на Левандовски и Балде.

Левандовски се повреди минатата сабота во головата против Селт Виго и веќе тогаш беше јасно дека помалку од една недела е краток период за целосно закрепнување од повредата на задната ложа.

Лошите претчувства се обистинија кога денес официјално беше објавен списокот на играчи на Флик на кои ќе смета против Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал спрема трансфер од 70 милиони фунти

Една од главните задачи на Арсенал во летниот трансфер период е да доведат одличен напаѓач…