
Кол Палмер, од неговото доаѓање во Челси, важи за еден од најдобрите играчи во овој клуб, па неговото заминување би било голем удар за нив.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Токму тој е поврзан со сензационален трансфер во овој летен преоден рок кај лутите ривали од Премиерлигата, тврдат медиумите од Англија.
Овој фудбалер пристигна во Челси од Манчестер Сити за околу 50 милиони евра и практично експлодира кога доби шанса за игра.
Минатата сезона постигна импресивни 25 голови во сите натпреварувања, и освои многу индивидуални награди, како и наградата за најдобар млад играч на сезоната во Премиерлигата.
Сепак, репрезентативецот на Англија во последно време не игра на нивото кое се очекува, а тоа се чувствува и во играта и резултатите на Челси.
И покрај нешто послабата форма во последно време, Палмер се поврзува со сензационален трансфер ова лето, а наводно е голема желба на раководството на Ливерпул.
Како што тврди Симон Филипс, Ливерпул сака да го донесе Кол Палмер, но за него прашуваа и во неговиот поранешен клуб Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола лесно го пушти Палмер да замине од Манчестер Сити, но ова лето би сакал да го врати во клубот кој го води, меѓутоа прашање е дали Англичанецот сака да се врати на „Етихад“.