Дома Фудбал Јамал: Како мал, носев дресови на Меси и Нејмар, неверојатно е сега децата да носат такви со моето име

Јамал: Како мал, носев дресови на Меси и Нејмар, неверојатно е сега децата да носат такви со моето име

Крилото на Барселона и шпанската национална репрезентација Ламин Јамал е среќен кога гледа деца што носат дресови со неговото презиме.

“Ова е неверојатно. Кога бев дете, носев дресови на Нејмар, Меси и други играчи. Така што фактот дека децата играат фудбал со дресови на кои го имаат моето име, значи дека ги инспирирам, барем во фудбалот. Никогаш не сум претпоставувал дека ова ќе се случи толку брзо. Неверојатно е да се види како 13-годишници носат маичка со името на личност која е само четири години постара од нив,” рече Јамал, цитиран од ESPN.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


17-годишниот Јамал е производ на школата на Барселона. Дебитираше за сениорскиот тим на каталонците во 2023 година. Со Барса, фудбалерот стана шампион на Шпанија во сезоната 2022/23 и освојувач на Суперкупот на земјата во 2025 година. Како дел од шпанскиот национален тим, Јамал го освои Европското првенство во 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инцидент на тренингот на Реал: До вчера изгледаше недопирливо, но кај Алонсо важат други правила

Веднаш по пристигнувањето во Реал Мадрид, тренерот Чаби Алонсо ја воспостави дисциплината …