Дома Фудбал Куп на Македонија: Вардар по потврда за финале во Струмица, Струга ќе брани предност против Шкендија

Куп на Македонија: Вардар по потврда за финале во Струмица, Струга ќе брани предност против Шкендија

Денеска македонските фудбалски терени ќе гледаме возбудувања во Купот на Македонија во кој ќе се играат двата реванш дуели од полуфиналето.

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, практично го реши прашањето околу финалистот уште во првиот натпревар против Брера, откако во Скопје запиша убедлива победа од 3-0. „Црвено-црните“ сега се со една нога во финалето, а струмичкиот тим ќе мора да приреди вистинско фудбалско чудо пред своја публика ако сака да остане во игра за трофејот.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Многу понеизвесно е на запад, каде што Струга ќе ја брани минималната предност од 2-1 против Шкендија. Тетовци поведоа преку Рамадани, но домашниот тим покажа карактер и преку погодоците на Укпа и Радески направи комплетен пресврт. Вториот натпревар ветува жестока битка за место во финалето.

Двете средби ќе започнат денеска во стандардниот термин од 16:00 часот.

Фото: Брера Струмица/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Taжна вест: На загревање пред натпревар почина млад фудбалер

Синамандла Зонди, 22-годишниот фудбалер на јужноафриканскиот Дурбан Сити, почина откако му…