Дома Фудбал Варди: Бесен сум и тажен, оваа сезона беше срамна!

Варди: Бесен сум и тажен, оваа сезона беше срамна!

По 33 одиграни кола во англиската Премиер лига, јасно е кои три клуба следната година ќе испаднат во втората лига, односно Чемпионшип. Тоа се Саутхемптон, Лестер и Ипсвич. Сензационалниот првак од 2016 година, Лестер, повторно испаѓа во втората лига втор пат по најголемата сензација во историјата на англискиот фудбал.

Холандската легенда Руд ван Нистелрој го презеде како тренер тимот на Лестер во ноември минатата година, но тој не успеа да остане во елитниот ранг на англискиот фудбал. Оваа календарска година е многу слаба за Лестер, кој во неа има само една победа во првенството. Симболот на титулата од 2016 година, капитенот Џејми Варди (38), има договор до крајот на оваа сезона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


“Не знам што воопшто да кажам. Нема зборови со кои би го изразил бесот и тагата по завршувањето на оваа сезона. Немам оправдувања. Колективно, како играчи и како клуб, не успеавме. Не сакам да се кријам зад некого. Долго време сум во овој клуб и искусивме многу успеси и падови.

Оваа сезона ми беше бедна, тотална срамота. Ме боли, а знам дека ве боли и вас. Жал ми е бидејќи не игравме добро и затоа што крајот на сезоната беше катастрофа”, им порача Варди на навивачите преку социјалните мрежи. Варди е во Лестер од 2012 година, одигра 496 натпревари и постигна 198 гола за Лисиците.

Фото: Leicester City
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…