Дома Фудбал Драма на „Монжуик“: Барселона со гол во 97. минута ја совлада Селта (Видео)

Драма на „Монжуик“: Барселона со гол во 97. минута ја совлада Селта (Видео)

Еден од најдраматичните и највозбудливи натпревари во новата сезона на Ла Лига се одигра на „Монжуик“, каде Барселона со голема борба и пресврт во финишот успеа да ја совлада одличната екипа на Селта Виго со резултат 4-3.

Натпреварот започна со висок интензитет и рана размена на голови. Феран Торес го отвори резултатот за Барселона во 12. минута, но гостите експресно одговорија – само три минути подоцна израмнија преку прецизен удар на Иглесијас, поставувајќи резултат 1-1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Второто полувреме понуди уште поголема драма. Селта продолжи со храбра и ефикасна игра – Иглесијас беше повторно во центарот на вниманието, погодувајќи во 52. и 62. минута и со тоа комплетирајќи импресивен хет-трик за водство од 1-3.

И кога многумина помислија дека Каталонците се на колена, тимот на Ханси Флик ја покажа својата препознатлива упорност. Дани Олмо намали на 2-3, а веднаш потоа Рафиња донесе израмнување на 3-3 со прекрасен погодок.

Кулминацијата дојде во самиот финиш – во судиското продолжение Барса доби пенал, кој Рафиња со мирна реализација го претвори во победнички гол и донесе ерупција од емоции на трибините.

Фото: Барселона/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Египет со гол на Салах се спаси од бламажа против 129. репрезентација на светот (ВИДЕО)

Мохамед Салах го извлече Египет на отворањето на Африканскиот куп на нации. Ѕвездата на Ли…