Дома Фудбал Вардар постигна гол против Воска, па домаќините го напуштија теренот (Видео)

Вардар постигна гол против Воска, па домаќините го напуштија теренот (Видео)

Натпреварот помеѓу Воска Спорт и Вардар беше прекинат на околу 15 минути пред последниот свиреж, откако играчите на домашниот тим одлучија да го напуштат теренот при резултат 1-1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Охриѓани поведоа во првото полувреме со погодокот на Осеи, а гостите од Скопје израмнија во 74-тата минута по спорна ситуација во шеснаесетникот на Воска. Незадоволството на домашните фудбалери беше очигледно, при што следуваа бурни реакции, но играта накратко продолжи.

Сепак, неколку минути подоцна натпреварот беше дефинитивно прекинат, откако фудбалерите на Воска Спорт демонстративно го напуштија теренот, незадоволни од судиските одлуки.

 
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…