
Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој гренд слем турнир, на Рафаел Надал, првиот ден од годинашното натпреварување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Ќе има церемонија полна со изненадувања“, рече директорката на турнирот Амели Морезмо.
Церемонијата ќе се одржи на теренот „Филип Шатрије“ по првите три дневни меча.
Надал последен пат играше во Париз на 29 јули 2024 година, кога загуби од Новак Ѓоковиќ, во второто коло на Олимписките игри во Париз.
Тој е рекордер на вториот гренд слем на сезоната со неверојатни 14 трофеи. На влезот во Ролан Гарос има статуа.
Надал официјално се повлече од тенисот на финалниот турнир од Дејвис купот, минатиот ноември на стадионот Мартин Карпена во Малага.
Фото: Grok AI