Дома Фудбал Некој како сериозно да го „проколнал“: Нејмар во солзи го напушти теренот (Видео)

Некој како сериозно да го „проколнал“: Нејмар во солзи го напушти теренот (Видео)

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар се врати во својата земја кон крајот на јануари за да ја поврати посакуваната форма пред Светското првенство следната година и на лето да пронајде ангажман каде што ќе биде на видикот на новиот селектор, но како што времето оди, сè почести повреди му се закануваат да му ги нарушат плановите во Сантос.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Последната во низата се случи минатата ноќ во четвртото коло на бразилскиот шампионат, кога поранешниот ас на Барселона и Пари Сен Жермен, со солзи во очите го напушти теренот во 34. минута.

Тоа беше една од оние сцени кои ги имавме можност да ги гледаме многу години наназад додека играше во европскиот фудбал, а неговата реакција не беше ништо поразлична од многуте претходни.

На крајот со тешкотији спеа да се придвижи за да седне во медицинското возило кое го однесе од теренот, а судејќи според неговата реакција, сосема е извесно дека се работи за повреда од посериозен карактер.

.

Фото: Пртинскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…