Дома Останати Ракомет Георгиевски и Ќосевски остануваат во Вардар!

Георгиевски и Ќосевски остануваат во Вардар!

Двете десни крила, капитенот Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски ги продолжија договорите и во следната сезона ќе настапуваат за Вардар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Клубот работи на формирање на тимот што следните сезони ќе се натпреварува, а двете домашни крила се дел од оние играчи со кои се продолжени договорите. Се работи на ангажирање на засилувања со кои Вардар и следните сезони ќе атакува на висок пласман во домашното првенство и во европските купови“, информираа од таборот на „црвено-црните“.

Гоце Георгиевски од 2020 година е дел од Вардар, откако претходно настапуваше за ЧСМ Букурешт, Феникс Тулуз и Металург. Во 2023 година ја заврши репрезентативната кариера и остана верен на „црвено-црните“. Со клубот има освоено две титули и три Куп титули и еден Супер Куп.

Ќосевски е дете на Вардар, а претходно настапуваше за екипата на Вардар јуниор и за Работнички, во сезоната 20/21 кога сите млади играчи од Вардар беа дел од тој клуб. Со екипата има освоено два Куп титули, еден Супер Куп и еднаш бил првак на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Митревски ја има третата најдобра асистенција во Лигата на шампионите (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски се најде меѓу најдобрите асистенти во…