Дома Фудбал Шок: Се разведуваат Ана Ивановиќ и Швајнштајгер?

Шок: Се разведуваат Ана Ивановиќ и Швајнштајгер?

Еден од најпопуларните спортски парови во светот, поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, решија да се разведат, јавува “Билд”.

Овој германски медиум се повикува на списанието „Bunte“ и пишува дека Србинката и Германецот веќе два месеци живеат одвоено, а сега наводно решиле и да ги поднесат документите за развод.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Швајнштајгер поголемиот дел од времето го поминува во Минхен, каде е деловно ангажиран, а Ивановиќ решила да се врати со тројцата синови во родниот Белград, каде што купила стан од околу 100 квадрати во близина на станот на нејзините родители и брат.

Оваа вест многумина ги шокираше, бидејќи Ана и Бастијан важеле за складен пар. Често заедно со синовите Лука, Леон и Тео доаѓале во Србија. Швајнштајгер честопати со братот и таткото на Ана од првиот ред ги гледал натпреварите на кошаркарскиот клуб Партизан и се чинеше дека е близок со целото нејзино семејство.

„Билд“ наведува дека нивната љубов била таа што ги натерала да веруваат дека бајките можат да бидат вистински, но очигледно не било сè толку идилично како што се претставувало.

Aна и Бастијан се венчаа пред девет години во Венеција, а целиот настан беше многу следен од страна на германските, српските, но и светските медиуми, со оглед на тоа што и двајцата тогаш беа успешни спортисти.

Тие двајцата не се изјаснија во врска со овие наводи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атомски фудбал во Милано, Интер прави пресврт во две минути (видео)

Баерн Минхен прв поведе на натпреварот на „Сан Сиро“ против Интер, но домаќините за само д…