
Реал Мадрид и Арсенал во среда во 21 часот на стадионот Сантијаго Бернабеу ја играат возвратната натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите. Лондонскиот состав пред своите навивачи победи со 3:0 и Реал ќе има тежок предизвик да го стигне заостанокот и да се квалификува меѓу четирите најдобри екипи и така да го продолжи патот кон одбраната на титулата европски шампион.
Defensa Central, шпански медиум специјализиран за Реал, пишува за средбата на Лука Модриќ и Килијан Мбапе пред натпреварот со Арсенал. Во текстот насловен “Модриќ му испрати порака на Мбапе и му даде клуч за пресврт против Арсенал: ‘Мора да…’, пишува дека капитенот на Реал “бил многу јасен спрема Французинот”.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Токму таа атмосфера на Бернабеу беше повод за разговорот помеѓу Лука Модриќ и Килијан Мбапе во понеделникот во Валдебебас. Во Мадрид се обидуваат дополнително да го зајакнат францускиот напаѓач по она што се случи на Мендизороза, каде што првпат доби црвен картон во дресот на Реал.
Шпанците тврдат дека Модриќ му рекол на Мбапе следново: “Мора да ја искористиш енергијата на навивачите на позитивен начин. Нема место за дополнителна нервоза или брзање, силата од трибините треба да ја насочиш на правилен начин, без претераност, затоа што лесно ќе те понесе.” Defensa Central пишува дека советот на Модриќ може да биде клучен за големиот пресврт на Реал.
„Марка“, најчитаниот шпански спортски медиум, пишувал за “итната средба” на претседателот на Реал, Флорентино Перез, и тренерот Карло Анчелоти со Мбапе. “На Реал му се потребни сите што можат да му помогнат да оствари уште едно чудо во Лигата на шампионите. Враќањето против Арсенал зависи од сите, а особено од последниот човек во Реал.
Затоа тренерот и претседателот му рекле на Французинот дека против Арсенал им е потребна онаа негова верзија која со хет-трик го исфрли Манчестер Сити од Лигата на шампионите. Мбапе се извинил за црвениот картон против Алавес, но на Реал тоа не му е доволно,” пишува „Марка“.
Фото: Real Madrid C,F/FB