Дома Фудбал По осум години одблокирана сметката на ФК Вардар

По осум години одблокирана сметката на ФК Вардар

Oд редовите на Вардар информираа дека конечно клубот по осум години ќе може да функционира нормално.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сметката на Вардар по цели осум години била одблокирана на 9 април.

Клубот ги објави и сумите кои се исплатени во оваа последна етапа на враќање на старите долгови:

Дарко Панчев – 4.134.855.00 денари.

Владица Брдароски – 8.759.744.00 денари.

Бендџамин Демир – 6.100.000.00 денари.

Михајло Костиќ – 8.834.415.00 денари.

Александар Игески – 935.353.00 денари.

Фитнес Инфинити – 2.014.562.00 денари.

ЕАМ ДОО Штип – 263.006.00 денари.

Ќе потсетиме, Вардар утре на Арената „Тодор Проески“ го игра натпреварот против Црвена Звезда кој ќе биде од хуманитарен карактер и сите средства ќе се донираа за настраданите во пожарот во Кочани.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете го овој чудесен гол во француското дерби

ЛИОН триумфираше над Рен со 4:2 во 32. коло од француското првенство. Овој важен натпревар…