Дома Фудбал Летната чистка на „Олд Трафорд“ може да го вклучи и Онана

Летната чистка на „Олд Трафорд“ може да го вклучи и Онана

Иднината на Андре Онана во Манчестер Јунајтед е под сериозен знак прашалник. Камерунскиот голман пристигна од Интер во 2023 година, но не ја оправда довербата. Тој прави серија грешки веќе втора сезона и на „Олд Трафорд“ се размислува дали да не се разделат со него.

По неговите грешки против Лион минатата недела, Онана беше оставен надвор од тимот за вчерашното гостување на Њукасл, кое „црвените ѓаволи“ го загубија со 1:4. Ова веднаш ги натера англиските медиуми да почнат шпекулации за иднината на голманот. Вчера како стартер на голот на Манчестер Јунајтед започна Алтај Бајиндир, но тој не убеди дека може да биде рамноправна замена. Турчинот имаше некои добри интервенции, но направи груба грешка при четвртиот гол на Њукасл.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Рубен Аморим може да има желба да го смени голманот летово, но не е јасно дали ќе има таа можност, бидејќи клубот ќе треба да се засили во други области каде што проблемите се посериозни. Се очекува на крајот од сезоната Ман Јунајтед да се раздели со Кристијан Ериксен, Каземиро, Виктор Линделоф, Џони Еванс и други играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милојевиќ: Многу емоции, се надевам дека Звезда повторно ќе гостува тука по некој друг повод

Црвена Звезда вечерва во Скопје го победи Вардар со 1-3, а по натпреварот пред медиумите з…