Дома Фудбал Вакво нешто ретко се гледа: Судија стартуваше врз противнички фудбалер во Србија (Видео)

Вакво нешто ретко се гледа: Судија стартуваше врз противнички фудбалер во Србија (Видео)

Интересна ситуација се случи во недела во Суперлигата на Србија, на натпреварот помеѓу Војводина и Младост, кога главниот судија Стефан Јекниќ за малку не повреди еден играч од Лучанскиот тим!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во завршницата на првото полувреме, при резултат 2:0 за Војводина, Стефан Букинац напаѓаше по левата страна, а Јекниќ во еден момент се лизна и направи лизгачки старт кој лесно можеше да го собори Никола Андриќ.

Играчот од Лучанци се снајде одлично, го прескокна стартот на судијата кој исто така брзо се исправи и продолжи со работата.

Во таа акција гол не видовме, а Војводина на крајот победи со резултат 3:1. Кораќ и Деле ги постигнаа головите во првото полувреме, додека Петровиќ го постави конечниот резултат со пенал во завршницата. Претходно, Тумбасевиќ го намали резултатот на 2:1.

Со оваа победа, Војводина се израмни со крагуевачкиот Раднички на 4-то место. Двата тима имаат по 45 поени, ОФК Белград е трет со 49, додека Нови Пазар е под нив со 43. Лучани имаат 42.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен европски шампион сака да потпише со Столе Димитриевски

Столе Димитриевски би можел да направи голем чекор во кариерата ова лето, откако сериозен …