
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра најдобра сезона во НБА кариерата – со трипл-дабл учинок против Мемфис испиша историјата и оствари резултат за кој ќе се зборува години. Никола Јокиќ е првиот центар кој цела сезона во НБА лигата играл со просек трипл-дабл, а му фалат само 47 поени за просек од 30 поени во сезоната.
Поради неверојатниот резултат кој го постигна, се огласи и НБА лигата. Направија компилација од дури пет минути со најдобрите кошеви кои ги постигна српскиот кошаркар оваа сезона. Тука се карактеристичните удари од една нога, погодок преку речиси целото поле, внесување во кошот на противничките играчи кои го чуваат во рекетот…
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Откако стана третиот играч во историјата на НБА лигата со трипл-дабл, ги гледаме неговите најдобри поени во историската сезона 2024/25“, пишува на профилот на најсилната кошаркарска лига во светот. Погледнете како Јокиќ ги мачеше противниците во НБА лигата во текот на целата сезона.
🃏 НИКОЛА ЈОКИЌ’S BEST BUCKETS 🃏
— NBA (@NBA) April 12, 2025
Откако стана третиот играч во историјата на НБА со просек трипл-дабл, се навраќаме на неговите најдобри кошеви во неверојатната 2024-25 сезона 🌟🌟🌟 pic.twitter.com/UO09iCvw1q
Фото: Принтскрин