Дома Трансфер зона Габриел Жесус: Гвардиола ме убеди да дојдам во Сити

Габриел Жесус: Гвардиола ме убеди да дојдам во Сити

Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус изјави дека пред да се пресели во англискиот клуб добил гаранции од менаџерот Пеп Гвардиола дека ќе биде важен дел од тимот.

Бразилецот беше ѕвезда во својата татковина и имаше понуди од многу европски клубови, но тој се одлучил за Манчестер Сити токму поради Гвардиола.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Гвардиола ми се јави и ми кажа дека ќе бидам многу важен дел од тимот. Очигледно тој факт одигра многу важна улога во мојата одлука да дојдам во Сити, иако имав понуди и од други клубови“, изјави Габриел Жесус.

Бразилецот потпиша договор со Манчестер Сити летото 2016 година, на „Етихад“ пристигна во јануари 2017 година и се покажа како големо засилување за „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…