Дома Фудбал Италија Најважниот датум за сите фанови на Јувентус!

Најважниот датум за сите фанови на Јувентус!

На денешен ден во 1897 година е основан еден од најголемите фудбалски клубови на светот – Јувентус!

Денес „старата дама“ го празнува својот 120 роденден. Италијанскиот гигант роденденот ќе го прослави со неколку различни иницијативи, а точно во 12 часот на пладне, во официјалниот он-лајн магазин на клубот ќе биде пуштен јубилејниот дрес на тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интересен е фактот дека од неа се произведени само 1897 парчина, па тие што сакаат да го имаат ќе треба да побрзаат.

Фудбалскиот клуб Јувентус е основан на 1 ноември 1897 година од група студенти, а до денес клубот има рекорден број на Скудета во Италија (33) 12 Купови на Италија како и 7 италијански Суперкупови.

На меѓународна сцена „бјанконерите“ можат да се пофалат со две титули во Лигата на шампиони, два Суперкупа на Европа, три Куп на УЕФА, како и трофеј во веќе непостоечкиот Интертото Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поранешен фудбалер на Арсенал стана тренер во тимот на Мбапе!

Откако му асистираше Тјери Анри во младинската репрезентација на Франција, а потоа работеш…