Дома Фудбал Останато Шевченко обвинува: УЕФА не сака Украинец во раководството

Шевченко обвинува: УЕФА не сака Украинец во раководството

Украинецот Андриј Шевченко не беше избран во Извршниот комитет на УЕФА, па ја обвини организацијата дека не сака да има претставник од Украина во раководството.

Во гласањето за новиот состав на Извршниот комитет учествуваа 55 земји, вклучително и претставници од Норвешка, Холандија, Италија, Германија, Хрватска, Естонија и Ерменија.

„За жал, во последните неколку дена добивме сигнали дека поради политички фактори Украина, како и јас лично, нема да бидеме во раководството на УЕФА. Оваа загриженост ја потврдија и настаните за време на самиот конгрес“, изјави Шевченко.

Шевченко во текот на кариерата настапуваше за Динамо Киев, за италијански Милан со кој ја освои Лигата на шампионите како и англиски Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид и Арсенал во трка за младиот талент Јилдиз

Реал Мадрид и Арсенал се заинтересирани за младиот турски напаѓач Кенан Јилдиз од Јувентус…