Дома Фудбал Манчестер Јунајтед бара замена за Фернандеш помеѓу пет европски ѕвезди

Манчестер Јунајтед бара замена за Фернандеш помеѓу пет европски ѕвезди

Директорот на Манчестер Јунајтед, Џејсон Вилкокс, направи листа од пет играчи, од кои еден ќе го замени Бруно Фернандеш кој се очекува да го напушти „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната.

Најверојатно, Бруно Фернандеш би можел да ја продолжи својата кариера во Реал Мадрид, кој е заинтересиран за него и сака да го доведе во своите редови ова лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Португалецот е едно од најдобрите засилувања на Манчестер Јунајтед во последно време, а пристигна за околу 60 милиони евра од Спортинг.

Според новинарите на „Фихајес“, на листата на Манчестер Јунајтед за замена на Фернандеш се наоѓаат пет фудбалери, но сè уште не е јасно на кого ќе падне изборот.

Се работи за Еберечи Езе, Морган Гибс-Вајт, Микел Дамсгард, како и Оскар Глук и Чави Симонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…