Дома Фудбал Манчестер јунајтед пронајде засилување, Саутемптон ги шокираше – сака 120 милиони евра!

Манчестер јунајтед пронајде засилување, Саутемптон ги шокираше – сака 120 милиони евра!

Саутемптон би можел повторно да направи мега трансфер, а се работи за 19-годишниот крилен играч Тајлер Диблинг кој би можел да тргне по стапките на Вирџил ван Дајк, Ромео Лавија, Садио Мане…

Талентираниот фудбалер на Саутемптон би можел веќе ова лето да стане новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, Црвените ѓаволи се заинтересирани за доведување на англискиот У21 репрезентативец, но проблем може да биде сумата што Саутемптон ја бара за него.

Раководителите на Саутемптон не би го дале Диблинг под 120 милиони евра, бидејќи сметаат дека тој е еден од најталентираните играчи во светот.

Ако Јунајтед се согласи да даде толку многу пари, тоа ќе биде најскапиот трансфер на Саутемптон во историјата. Сегашниот рекорд го држи Ван Дајк кој во јануари 2018 година премина во Ливерпул за 85 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо: Не е точно дека милијардер станав минатата недела, тоа беше како да освоив „Златна топка“

Кристијано Роналдо, вистинската икона на португалскиот фудбал, кој во моментов игра за сау…