Со извонредна игра и убедлива победа од 32-25 против романската Баја Маре, ракометарите на Алкалоид испишаа историја, обезбедувајќи пласман во полуфиналето на Европскиот куп на ЕХФ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алкалоид достигна највисока предност од седум гола во првиот дел, а на полувреме замина со комотна предност од 18-12. Во второто полувреме, тимот играше уште посигурно, успешно одржувајќи ја разликата која достигна и осум гола во одредени моменти.
Најефикасен во македонскиот состав беше Петковски со седум погодоци, додека Стојковиќ постигна пет.