Дома Фудбал Откриено од што се плаши Руни, водителите „прснаа“ од смеење (Видео)

Откриено од што се плаши Руни, водителите „прснаа“ од смеење (Видео)

Вејн РУни ја откри својата бизарна фобија во живо на телевизија, за време на преносот на „Би-Би-Си“ од четвртфиналниот натпревар на ФА Купот помеѓу Брајтон и Нотингем Форест, откривајќи дека животното од кое се плаши – е риба. Ова ги насмеа Гари Линекер и другите стручни коментатори.

„Првото полувреме не беше највозбудливо, но она што го дознавме порано, во текот на првото полувреме, е дека Вејн Руни се плаши од риби“, рече Линекер пред камерите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Другите гости во студиото, Тео Волкот и Глен Мареј, не можеа да се воздржат од смеа. Руни се обидуваше сѐ да објасни со зборовите: „Едноставно не ги сакам. Се работи за големи риби“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Барселона можеше да направи глупост: Против Албасете беше видена сцена како од легендарен филм! (Видео)

Фудбалерите на Барселона се пласираа во полуфиналето на Купот на кралот откако во вторник …