Дома Фудбал Ристевски: Ова е најголемото дерби во македонскиот фудбал – ќе се бориме со сите сили за три бода!

Ристевски: Ова е најголемото дерби во македонскиот фудбал – ќе се бориме со сите сили за три бода!

Викендот кој е пред нас во рамките од 25. коло во ПМФЛ ќе се одигра и големото дерби помеѓу Пелистер и Вардар.

Пред дербито кое се игра в сабота од 15:00 часот за клупскиот сајт своите очекувања искажа фудбалерот на битолскиот клуб, Александар Ристевски.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Се игра најголемото дерби во македонскиот фудбал. Горд сум што го носам дресот на Пелистер, ќе се бориме со сите  сили за да ги освоиме бодовите. Мотивацијата во тимот е на највисоко ниво. Имаме многу респект за Вардар како колектив. Сепак, ние сакаме да одиграме за себе, за клубот и градот кој секогаш ни дава огромна поддршка. Се надевам дека епилогот ќе биде позитивен за нас“, изјави Ристевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума за Мусиала: Вознемирен сум, немав намера

Голманот на Пари Сен Жермен Џанлуиџи Донарума изјави дека немал намера да го повреди фудба…