
Маркињос, капитен на ПСЖ и на фудбалската репрезентација на Бразил, имаше неколку тешки и бурни денови зад себе.
Додека Маркињос беше во Бразил со репрезентацијата, каде што играше натпревари против Колумбија и Аргентина, неговата сопруга Карол Кабрино заврши во болница. Подоцна и двајцата се огласија и открија дека го загубиле бебето кое го очекуваа. Карол имаше спонтан абортус во деветтата недела од бременоста.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Таа ја сподели својата приказна на социјалните мрежи.
„Понеделник беше денот за ултразвук, за да ги слушнам срцевите удари на бебето. Отидов на преглед сама, чувствувајќи се малку нервозно. Кога пристигнав таму, не се слушнаа срцеви удари, а бебето не се движеше. Мојот сон за четврто дете не се оствари, а моето бебе стана ангел“, напиша 31-годишната Карол на Instagram.