Дома Фудбал Бивш фудбалер на Ливерпул: Дајте му сè што сака на Салах, ве молам

Бивш фудбалер на Ливерпул: Дајте му сè што сака на Салах, ве молам

Сагата околу Мохамед Салах и новиот договор со Ливерпул трае веќе неколку месеци, а сега и Роби Фаулер, некогашен играч на „Црвените“, го даде своето мислење за целата ситуација.

Остануваат уште нешто помалку од два месеци до крајот на сезоната, а два важни играчи на Ливерпул немаат нови договори. Се мисли, секако, на Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Долго се преговара, долго се дискутира што ќе се случи на крајот, а Фаулер е сигурен во едно:

„Би му дал на Салах сè што сака врз основа на тоа што го покажа. Да се потпише некој друг играч, ќе биде потребно многу пари. Зошто да не му ги дадете сите тие пари на некој што веќе го има покажано сè, како што Салах го направи? Ве молам, дајте му што сака и тоа е тоа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Удрете го, удрете го судијата“: Хаосот почна по пеналот во 93. минута, навивачи влегоа на теренот и почнаа да ги тепаат арбитрите (Видео)

Неверојатна сцена се случи во Босна и Херцеговина, на натпреварот од Втората лига на ФБиХ,…